
На големиот аеромитинг во Дубаи „Airbus“ забележа рекорден број на нарачани авиони во вредност од 44 милијарди долари.


На големиот аеромитинг во Дубаи „Airbus“ забележа рекорден број на нарачани авиони во вредност од 44 милијарди долари.
Порачани се 160 авиони, а најбараните модели се А380 и А350 XWB, кои беа изложени на саемот.
Од сите нарачки, 142 се наречени „цврсти“, вредни 40,4 милијарди долари и 18 се меморандуми за разбирање во вредност од 3,6 милијарди долари.
Повеќето компании го нарачаа авионот А380 кој го нарекоа најефикасен и најкомфорен.
Најголемата нарачка беше добиена од компанијата „Etihad“, односно 87 нови авиони, 40 од типот на А350-900, 10 од типот А350-1000, 26 од типот на А321neo, 10 од типот А320neo и еден од типот А330-200F, во износ од 19 милијарди долари.