1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолема руска банка затворена поради сомнеж за перење пари

Голема руска банка затворена поради сомнеж за перење пари

master

Руската Централна банка соопшти денеска дека ја затворила „Мастер банк“, во чиј Управен одбор членува братучед на претседателот Владимир Путин, поради сомнеж дека оваа финансиска институција пере пари.

Централна банка во своето соопштение посочува дека констатирала „повеќекратни кршења“ на законите за перење пари и за финансирање на тероризмот. Одлуката за затворање на „Мастер банк“ стапува во сила денеска.

„Мастер банк“ е меѓу најголемите руски банки, кои изминатите години ја загубија лиценцата за работа. Оваа банка, која има широка мрежа на банкомати е 70-та руска банка според активите, а 39-та според депозити на приватни лица.

Игор Путин, братучед на претседателот Владимир Путин, е член на Управниот совет на банката, а во периодот од 2010 до 2011 година, бил потпретседател на банката.

„Мастер банк“, која е отворена во 1992 година, на својата интернет страница нагласува дека нејзиниот капитал изнесува 3,4 милијарди рубљи или околу 76 милиони евра.

Банкарската асоцијација, која ги гарантира депозитите, соопшти дека клиентите на затворената банка ќе добијат по 700 илјади рубљи (15.800 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП