10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводствени и ИТ американски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Производствени и ИТ американски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Invest-in-macedonia-golema

Американски компании од областа Минеаполис пројавија интерес за можностите за инвестирање во производство на медицинска опрема, компоненти за возила и информатичка технологија, на бизнис форумот одржан во Минесота од страна на владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

На Форумот, кој се одржа во соработка  со трговската канцеларија на Сојузната Држава Минесота, економскиот клуб од Минеаполис, како и глобалната правна компанија Dorsey & Whitney LLP, присуствуваа претставници на 40 компании.

Делегацијата оствари и директни средби со претставници на неколку глобални компании со седиште во околината на Минеаполис, кои се занимаваат со производство на специјални возила, како и медицински производи. На средбите економскиот тим имаше можност да ги презентира можностите за инвестирање во Македонија како и да се запознае подетално со производствените процеси на компаниите и нивните идни планови за експанзија на европскиот континент.

Минеаполис беше последен од неколкуте градови во Среднозападниот регион на САД кои ги посети делегацијата за време на ова инвестициско роудшоу.

Претходните денови беа одржани бизнис форуми и посети на компании во Кливленд, Индианополис и Милвоки. Дел од економскиот тим на ова инвестициско роудшоу кој го предводеше вицепремиерот Владимир Пешевски, беа министерот за странски инвестиции Бил Павлевски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, амбасадорот во САД Зоран Јолевски и економскиот промотор Дејан Величков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП