4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБернанке: Сеуште далеку од идеалното

Бернанке: Сеуште далеку од идеалното

P

Шефот на американската Банка на федерални резерви (ФЕД), Бен Бернанке изјави дека закрепнувањето на економијата на САД и понатака е далеку од целите на ФЕД.

Според неговите зборови, банката ќе ги задржи постоечките монетарни стимуланси.

Не најавувајќи кога ФЕД би можела да започне со намалувањето на програмата за откуп на обврзници, во месечен износ од 85 милијарди долари, Бернанке порача дека банката ќе ја задржи монетарната политика, односно се додека таа е потребна, пренесува агенцијата Франс прес.

„Економијата на САД оствари голем напредок од времето на длабоката рецесија. Сепак, и понатака сме далеку од она каде што сакаме да бидеме и од таа причина би можело да пројде уште некое време пред монетарната политика да се врати на нормалните темели“, изјави Бернанке.

Според него, инвеститорите претерано реагирале кога ФЕД најави дека наскоро ќе ја намали програмата за откуп на обврзници и ќе ја затвори до средината на наредната година.

Тоа предизвика остар раст на долгорочните каматни стапки, што според него, не било оправдано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП