4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОсум автомобили кои мораа да имаат успех! (фото)

Осум автомобили кои мораа да имаат успех! (фото)

kolicka

Историјата покажува дека дури и прекрасни автомобили може да пропаднат на пазарот, а како причина за тоа е големиот број на надворешни фактори. Карл Броиер од „Kelley Blue Book“ направи листа од 8 прекрасни автомобили кои поради една или друга причина не го постигнале успехот, кој го заслужуваат. Сите овие автомобили биле презентирани во изминатите 20 години во САД , но нивната продажба не била особено голема.

1993-1995 – „Mazda RX -7“

kolicka1

Третата и последна генерација на „RX- 7“ ја нарекуваат „јапонското Ферари“. Серијата се произведува и се продава во Јапонија од 1978-та до 2002-ра година. Сепак, во САД издржа само 3 години, можеби поради неговата висока цена.

1993-1998 – „Land Rover Defender“

kolicka2

Овој автомобил може да се справи со секаков терен, но во Америка така и не го сакаат. Беше понуден автоматски менувач едвај во последната година на производство. За џипот Броиер вели: „Може да се искачи насекаде, освен во рангирањето по продажба“.

1993-1998 – „Toyota Supra“

kolicka3

Една од причините прекрасен автомобил да нема успех е високата цена. Промените во курсот долар – јен го прават ова возило премногу скапо и тоа не постигнува успех.

2000-2006 – „Honda Insight“

kolicka4

Ова е првиот хибрид претставен во САД. Не е особено брза и е двосед, но се појави четири години пред модерните хибриди и се уште е поекономичен.

2002-2004 – „Ford SVT Focus“

kolicka5

Автомобилот се продава во САД само 3 години за кое време се продадени само 14.000 примероци.

2005-2008 – „Dodge Magnum“

kolicka6

На американскиот пазар се продаваше само четири години. Овој автомобил е брз и практичен, но очигледно не е доволно атрактивен за купувачите.

2008-2009 – „Pontiac G8“

kolicka7

Неуспехот и нема ништо заедничко со недостатокот на квалитет. Тој има 6-литарски V- 8 мотор со 361 коњски сили и забрзува до 100 км/час за 5.3 секунди.

2011-2013 – „Cadillac CTS – V Wagon“

kolicka8

Според Броиер автомобилот е „убиствено убав“ и тој се надева дека наскоро од „Cadillac“ ќе предложат нов модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП