3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо избалансирана исхрана до помалку стрес

Со избалансирана исхрана до помалку стрес

ishrana1

Кога со храната се бориме против стресот, тоа може да го направиме на два начини: или да се фрлиме на слатките и масни работи кои ни се омилени после напорниот работен ден, или тоа да го направиме на поправилниот избалансиран начин. Еве и како:

Зелен зеленчук: Брокула, карфиол, зелка, зелена салата, целер – содржат антиоксиданси кои на организмот му помагаат да се опорави од стресот. Имаат и калиум кој е неопходен за нервниот систем. Доколку ги јадете редовно, ќе бидете помалку раздразливи. Зеленчукот во организмот внесува неопходни влакна кои го чистат вашето тело.

Агруми (цитруси): Витаминот Ц игра важна улога против стресот, па затоа не заборавајте во овие ладни месеци дневно да изедете еден портокал, мандарина или грејпфрут. Или да испиете чаша лимонада. Не е лошо да направите и коктел од еден портокал, грејпфрут и лимон.

Чоколадо: Има ли некој кој не слушнал дека конзумацијата на најпознатото слатко задоволство во светот го помага лачењето на ендорфинот, кој пак го помага чувството на радост и добро расположение? Нормално, тоа не значи дека секој ден би требало „да се давите“ во чоколади. 20-30 грама на ден од вашето омилено чоколадо се сосема доволни, велат стручњаците.

Бадеми: Богати се со витамините Б2 и Е, магнезиум и цинк. Витаминот Б2 и магнезиумот се клучни за производство на серотонинот кој го контролира расположението и ни помага да се избориме со стресот. Цинкот е познат како елемент кој може да се бори против негативните ефекти на стресот, а витаминот Е е моќен антиоксиданс. Кога и да можете изедете неколку бадемчиња.

Портокалов зеленчук: Богат е со бета-каротен кој ги зајакнува крвните садови во мозокот, го враќа нормалниот проток на крв во централниот и периферниот нервен систем, го намалува стресот и го подобрува расположението. Наједноставна антистрес терапија: јадете секој ден, најдобро наутро, еден или два моркови. Или направете си сок од моркови.

-Во исхраната би било добро од време на време да вметнете и морски плодови, богати со цинк и јод и еден од најважните извори на незаситени омега-3 масни киселини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП