5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Кредитите ја загрозуваат стабилноста

Русија: Кредитите ја загрозуваат стабилноста

rubljirub1

Потрошувачките кредити стануваат закана за финансиската стабилност смета претседателката на централната банка на Русија, Елвира Набиулина.

Таа изјави дека се забележани елементи на прегревање во потрошувачкото кредитирање во поширокиот круг на корисници на кредити, пренесува агенцијата Итар тас.

Поради силниот раст на задолженоста на населението во споредба со растот на приходите „потрошувачкото кредитирање може да стане закана за финансиската стабилност во нашата земја“, предупреди таа, додавајќи дека потрошувачките кредити во претходните години биле една од компонентите за раст и една од компонентите кои силно ја поттикнувале руската економија.

-Искрено сум загрижена за моменталната состојба и за состојбата која допрва доаѓа, ве предупредувам дека потрошувачкото кредитирање во ваквите услови во кои се наоѓа сериозно ја загрозува финансиската стабилност на нашата земја, изјави Набиулина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП