15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските банки потрошиле стотици милиони подготвувајќи се за банкрот на САД

Американските банки потрошиле стотици милиони подготвувајќи се за банкрот на САД

Cyber

Американските банки во првата половина на октомври извршиле сериозни подготовки во случај да не дојде до договор меѓу демократите и републиканците во Конгресот и државата навистина да прогласи банкрот, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Конгресот постигна договор еден ден пред крајниот рок, со што беше спречено САД првпат во својата историја да не можат да ги отплатат своите долгови кон странските доверители, опасност на која предупредуваа и Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и државите доверители, како Кина.

Една од најголемите американски банки, „Џеј Пи Морган Чејс“, потрошила 100 милиони долари за да изгради вистински „воен штаб“ со засилени компјутерски системи, ангажирање на економски ексепрти и преиспитување на голем број потпишани договори, во случај ако САД банкротираат.

Директорот на банката, Џејми Димон сметал дека една од мерките кои ќе бидат преземени може да биде дури и финансирање на клиентите кои зависат од државните исплати на социјална помош за да ги покријат ратите за своите кредити.

– Ќе мораме да ги финансираме самите. Тоа е единственото правилно нешто што можеме да го сториме, рекол Димон на средба со директорите на банката во текот на октомври, на која се разгледала опасноста милиони кредити издадени на социјално загрозени граѓани во САД да не бидат вратени поради политичката блокада.

Банките ги сметаат трошоците употребени за подготовка за евентуалниот банкрот како инвестиција, бидејќи договорот кој беше постигнат за натамошно задолжување истекува во јануари, по што се стравува дека САД повторно ќе се соочат со политичка криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП