6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкава криза, толкава плата

Колкава криза, толкава плата

eu565eu

Европскиот суд за правда пресуди во корист на земјите членки на Европската унија кои се против зголемувањето на платите на службениците во ЕУ од 1,7 проценти од 2011 година.

Објаснувајќи ја пресудата, Врховниот суд порача дека шемата со која е регулирано годишното зголемување на платата на службениците на ЕУ мора да ја земе во предвид целокупната економска ситуација, и дека во овој случај не биле земени во предвид острите мерки за штедење кои во тоа време ги воведоа голем број на земји, пренесува агенцијата Франс прес.

Како што се наведува во пресудата на судот, Европската комисија греши што се придржува кон застарена математичка шема со која се регулира зголемувањето на платата на вработените и која се пресметува од 2004 година на основа на минатогодишната инфлација и зголемувањето на платата во осум избрани земји-членки.

„Комисијата мора да поднесе нови предлози до Европскиот парламент и Советот на Европа, кои ќе го земат во предвид ненадејното и сериозно влошување на економската и социјалната ситуација која Советот ја идентификуваше во 2011 година“, се вели во пресудата на судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП