1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа грчкиот пазар секоја година влегуваат околу пет милијарди илегални цигари

На грчкиот пазар секоја година влегуваат околу пет милијарди илегални цигари

illegal-tobacco-in-costa

Меѓународните тутунски компании присутни во Грција се загрижени од плановите на Владата да воведе нов специјален данок на потрошувачка за тутунските производи во време кога загубата во даночните приходи од нелегални цигари, само годинава, изнесува околу 700 милиони евра.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Илијас Асимакопулос, извршен директор на „ЈТ Интернешнл Хелас“, тутунска компанија која е втор најголем играч на локалниот пазар, соопшти дека на грчкиот пазар секоја година влегуваат 4,7 милијарди нелегални цигари, што е 20,5 проценти од локалниот пазар на цигари.

Ова се објаснува со фактот што кутија легални цигари чини околу четири евра, додека „на црно“ може да се купи по 1,5 евро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП