19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд почетокот на годинава во Грција уапсени повеќе од 2.000 даночни затајувачи

Од почетокот на годинава во Грција уапсени повеќе од 2.000 даночни затајувачи

S

Од почетокот на годинава во Грција се уапсени повеќе од 2.200 лица поради неплатени долгови кон државата или други даночни кривични дела, соопшти министерот за јавен ред Никос Дендиас.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, вкупниот износ што го должат 2.267 даночни обврзници уапсени од 1 јануари до 30 септември достигнал повеќе од 9,2 милијарди евра.

Оваа информација Дендиас ја соопшти како одговор на прашање од независниот пратеник Никос Николопулос, кој тврдеше дека апсењата се „само за правење шоу и имаат ограничено влијание во однос на приходите кои ги собира државата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП