3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмоќната верзија на Nissan GT-R Nismo (фото+видео)

Најмоќната верзија на Nissan GT-R Nismo (фото+видео)

nismomismo

„Nissan“ ја претстави најмоќната верзија на својот спортски модел „GT-R“.

Љубителите на моделот „GT-R“ ќе ги воодушеви фактот дека инженерите на спортското одделение „Nismo“ успеале постоечкиот 3.8 литарски V6 мотор да го надградат, така што сега е во состојба да испорача 600 ks (441 kW) и 652 Nm максимален вртежен момент.

nismomismo1

Само за споредба, истиот мотор во акутелниот „Nissan GT-R“ може да произведе 550 ks и 627 Nm.

Дополнителната снага е постигната благодарејќи на новите турбо-полначи кои имаа поголем пречник и подобар проток. Оптимизирана е и контролата на „палење“ за секој од шестте цилиндри во моторот, а унапредена е и пупмата за гориво.

nismomismo2

„GT-R Nismo“ доби и подобрен систем за суспензија за да му се овозможи на автомобилот подобар притисок на подлогата и со тоа се овозможени подобрени управувачки карактеристики. Возачите на располагање имаат три начини на подесување на системот за суспензија: „Comfort“, „Normal“ и „R“, кои се предвидени за возење на тркачка патека.

На фотографиите може да се видат и специјалните аеродинамички додатоци од јаглеродни влакна кои се наоѓаат на предниот и задниот браник и на страничните делови од каросеријата, како и масивниот заден спојлер. Дополнителните елементи треба исто така да допринесат за подобро управување при големи брзини.

nismomismo3

„Nissan GT-R Nismo“ е поставен на 20 инчни алуминиумски тркала кои се опремени со „run-flat“ гумите „Dunlop SP Sport Maxx GT 600 DSST“ со димензии 255/40RF.

Благодарејќи на сите наведени подобрувања, „Nissan GT-R NISMO“ веќе успеа да оствари одлични резултати на патеката Нирбургринг, кои компанијата неодамна ги претстави во краток видео спот:

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП