3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung двојно го зголеми својот удел на пазарот за таблети

Samsung двојно го зголеми својот удел на пазарот за таблети

sams1

Технолошкиот гигант „Samsung“ во последниот квартал од минатата година двојно го зголеми својот удел на пазарот за таблети и полека се доближи кон американскиот „Apple“, пренесуваат европските медиуми.

„Samsung“, производител на таблетите „Galaxy“, во последниот квартал од минатата година продаде 7,9 милиони таблети, што е за 2,2 милиони повеќе од истиот период во претходната година, со што го зголеми својот удел на пазарот на 15,1 процент.

Водечката компанија на пазарот за технологија, производителот на „iPad“, „Apple“, го намали својот удел на пазарот на 43,6 проценти, од 51,7 проценти, и покрај зголемувањето на продажбата.

Светската испорака во последниот квартал од 2012 година надмина 75 проценти, односно продадени беа рекордни 52,5 милиони таблети.

Бројките се во остар контраст со традиционалниот пазар на персонални компјутери, кој во овој период забележа пад на испораките, за прв пат во последните пет години. Се очекува пазарот на таблети да продолжи да расте и во наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП