2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSONY освои две EISA награди за најдобри фотоапарати во Европа за 2013-2014...

SONY освои две EISA награди за најдобри фотоапарати во Европа за 2013-2014 година

pppppppooo

Оваа година, Sony освои две EISA награди за најдобри фотоапарати – моделот Alpha SLT-A99 освои награда за најдобар фотоапарат со заменливи објективи во Европа за 2013-2014 година, додека моделот Cyber-shot DSC-HX50 суперзум ја освои наградата за најдобар компактен фотоапарат во Европа за 2013-2014 година.

opopop

Благодарение на високата резолуција од 24,3 мегапиксели и 35 милиметарски Exmor CMOS сензор, SLT–99 фотоапаратот ги забележува сите детали и нијанси на боите, дури и при слаба осветленост. Според ЕИСА, предводникот на Sony во оваа категорија на фотоапарати, Alpha SLT- A99, на пребирливите фотографи им нуди одличен квалитет на сликата и цела серија на иновативни алатки преку сензорот за целосна слика и неговиот SLT електронски визир. Exmor CMOS сензорот има 24.300.000 пиксели, кои со помош на BIONZ процесорот на сликата можат да произведат 14-bit RAW фајлови со брзина од шест кадри во секунда, додека уникатниот AF систем со двојно откривање на фаза е дизајниран да ги следи динамичните објекти. Софистицираните видео контроли и висококвалитетни режими на снимање го правaт исто така одличен избор за снимање на видео. Sony користи легура од магнезиум за да создаде професионално тело на фотоапаратот, со ротирачки 3-инчен LCD панел со висока резолуција којшто овозможува да сликате од било која позиција.

bnbnbbbbbb

Надоврзувајќи се на претходниот успех на HX серијата на компактни фотоапарати (моделите HX5, HX9 и HX20 се претходни добитници на оваа награда), HX50 е совршен фотоапарат за патувања. Фотоапаратот HX50 од Sony е најмалиот дигитален фотоапарат во светот со 30x зум – што уште повеќе ги проширува можностите на компактните фотоапарати со зум. Опремен со објектив од G класа, DSC-HX50 нуди одличен баланс помеѓу безгрижно насочување и фотографирање и високо ниво на рачна контрола и прилагодувања. Овој модел, исто така, има GPS уред за снимање на точната локација каде што е направена фотографијата. Другите карактеристики, како што се Exmor R CMOS сензорот со 20,4MP, оптичката стабилизација со висока ефикасност, AVCHD видео со 1080p и вртливите копчиња за рачно прилагодување на експозицијата, ќе ги ценат фотографите од сите нивоа.

 

Освен овие награди, Sony исто така доби EISA награди за најдобри производи во 2013-2014 година за најдобар телевизор – KDL-55W905A, најдобар ресивер за домашно кино – STR-DA5800ES и најдобар таблет Xperia Z.

 

ЕИСА (Европска асоцијација за слика и звук) веќе 30 години доделува награди во областа на аудио, авто електроникaта, мобилната технологија, фото и видео уреди. Стручното жири на ЕИСА го сочинуваат уредници од 50 магазини за потрошувачка електроника од 19 земји.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП