Во првото полугодие од 2025 година, приходите од туризам во Туркије пораснале за 7,6 отсто во споредба со истиот период лани и во земјата од туризам се слеале 25,8 милијарди долари. Во овој период земјата ја посетиле речиси 26,4 милиони туристи, што е раст за еден отсто во споредба со првите шест месеци од минатата година. Меѓународните посетители на Туркије престојувале во земјата во просек по 10 ноќевања од турист, што е минимално намалување за 0,9 отсто, но затоа сите тие потрошиле просечно по 106 долари за ноќевање по лице, што е раст за 8 отсто во однос на истиот период од 2024 година.
Според податоците на ОН за туризам за минатата година, Туркије е четвртиот најголем пазар за дојдовен туризам во светот. На прес-конференција одржана во Истанбул, Мехмет Нури Ерсој, министерот за култура и туризам на Република Туркије, ги претстави најновите податоци за туристичката индустрија, потенцирајќи дека и покрај многуте геополитички предизвици, во првото полугодие земјата продолжила со одржлив раст во туристичката индустрија.


