10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија ја отвори првата банка за жени

Индија ја отвори првата банка за жени

Sonia Gandhi

Индијскиот премиер Манмохан Синг ја отвори првата државна банка за жени, со цел зајакнување на финансиската безбедност, по низата злочини врз жените.

Премиерот ја отвори „Баратија махила банк“ индиската банка за жени во јужниот дел на Мумбаи, а отворањето на банката беше најавено уште во февруари, кога во Индија се случија низа насилства врз жените, пренесува агенцијата Франс прес.

Оваа банка ќе се фокусира на кредитирањето на жени и главно ќе вработува жени, иако и мажите исто така ќе имаат можност да отворат сметка. Во овој момент, само 26 проценти од жените во Индија имаат банкарска сметка.

„Тажната реалност е тоа што жените во Индија се соочени со дискриминација и проблеми во нивниот дом, во училиштата, на работното место и во јавноста. Нивното социјално, економско и политичко зајакнување сеуште е недостижна цел“, изјави Синг.

Новата „Баратија махила банк“, до јануари наредната година ќе има 25 екпозитури, а таа ќе биде водена од Уша Анантасубраманијан, поранешната извршна директорка на „Пенџаб Народна банка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП