Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 28.07.2025 година.
Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,00 ден/лит.

