4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоен долгорочниот буџет на ЕУ

Усвоен долгорочниот буџет на ЕУ

Jose Manuel Barroso, Martin Schultz, Eamon Gilmore

Европскиот парламент го усвои долгорочниот буџет на ЕУ за периодот од 2014-2020 година, по долготрајниот спор меѓу европските институции во врска со намалувањето на потрошувачката.

Повеќето од 682 пратеници гласаа за буџетот, меѓу кои и членовите на конзервативното и левичарско крило на парламентот, пренесува агенцијата Франс прес.

Буџетот на ЕУ за наредните седум години предвидува 960 милијарди евра во превземени обврски на земјите членки, со реални плаќања или расходи од 908 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП