3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпречен шверц на накит „Сваровски“ на Деве Баир

Спречен шверц на накит „Сваровски“ на Деве Баир

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Цариниците на граничниот премин Деве Баир вчера запленија 1.500 парчиња накит „Сваровски“, кои во Македонија се обидела да ги внесе бугарска државјанка.

Како што соопшти Царинската управа, околу 9 часот утрото на граничниот премин Табановце за влез во државата се пријавило патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од државјанин на Бугарија, а како сопатник патувала и осомничената во случајот, исто така бугарска државјанка, со иницијали И.А.

На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават, патниците изјавиле дека немаат ништо и дека патуваат туристички во Скопје каде што ќе останат три дена.

При контрола на нивниот личен багаж, во пет патни торби покриени со хартиени каталози за накит, пронајдени се 1.449 парчиња накит од трговската марка „Сваровски“ – кристали, приврзоци, апликации и монистри со
приближна тежина од четири килограми.

Непријавената стока е привремено задржана. Според првичните проценки, нејзината вредност изнесува 420 илјади денари, избегнатите царински давачки се околку 125 илјади денари, а во малопродажба вредноста би се зголемила и за три пати.

Осомничената се претставувала како менаџер за „Сваровски“ за Бугарија, Македонија и Србија. Во Република Македонија доаѓала со цел да изврши презентација на накитот кој не е нејзина сопственост и не е наменет за продажба, туку од фирмата каде е вработена и бил даден како презентациски материјал. Но, осомничената не поседувала официјална покана за презентација во Македонија ниту пак имала направени контакти за организација на презентацијата.
Против пријавената, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело
криумчарење затоа што со намера да ја избегне царинската контрола се обидела да пренесе
стока со поголема вредност.с

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП