11 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФаблетот на Nokia се појави на пазарот

Фаблетот на Nokia се појави на пазарот

lumia cirukus

Првиот фаблет на финската компанија „Nokiа“, „Lumia 1520“ е пуштен во продажба, а првиот пазар на кој се појави е Франција.

До крајот на неделата, уредот ќе биде достапен и на пазарите во Италија, Русија, САД и Хонг Конг. Цената на фаблетот „Lumia 1520“ ќе варира од пазар до пазар, а просечната цена во Америка ќе изнесува 550 долари.

Повеќе за цените по регионите ќе дознаеме кога уредот ќе се појави на полиците во продавниците.

Само за потсетување, „Nokia Lumia 1520“ доаѓа со 6-инчен екран со 1080p, а овој уред работи на „quad-core 2.2GHz Snapdragon 800“ процесор со 2GB RAM. Тука е и „PureView“ камерата од 20 мегапиксели со „OIS“ функција, како и 32GB интерна меморија која може дополнително да се прошири преку „microSD“ слот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП