18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБлогер, стилист, учител – работи кои можете да ги започнете со малку...

Блогер, стилист, учител – работи кои можете да ги започнете со малку или без пари

bloger1

Иако времињата се тешки и многу нови компании доживуваат неуспех, многу луѓе сакаат да започнат сопствен бизнис бидејќи не можат да најдат работа или сакаат флексибилност преку работењето од дома.

Најважна е идејата и желбата за успех. Еве кои работи можете да ги започнете без голем, дури и без никаков капитал.

Личен стилист

Дали ја сакате модата и имате добар стил? Да започнете со работата личен стилист е многу лесно. Само треба да дадете оглас или реклама дека можете да им помогнете на луѓето во изборот на облеката. За започнување на оваа работа не е потребно да издвоите пари, освен за промовирање.

Приватен учител

Она што го прави приватното подучување така корисно е тоа што за мали пари потрошени за оглас може да стекнете еден куп клиенти.

Слободен писател

Доколку имате талент за пишување ништо нема да ве чини да се обидете. Можеби сте слушнале дека сегашните познати автори многу се намачиле за да ја објават нивната прва книга, но сепак, со еволуцијата на електронските книги, денес тоа не е тешко, многу е лесно да ја објавите на Амазон. Не ви се потребни пари, само време за пишување.

Блогер

За оваа работа покрај умешноста за пишување потребен ви е компјутер и интернет. Познатите блогери заработуваат добро од рекламите кои ги објавуваат на своите блогови, како и од јавните појавувања и личните реклами на некои производи. Времето на блогерите пристигна, пробајте се во тоа и ќе се изненадите колку е лесно да придобиете редовни читатели, а со тоа и редовни приходи. Регистрирајте интернет домен, закупете простор за вашиот сајт, осмислете го дизајнот и започнете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП