Британската нискобуџетна авиокомпанија извести за скок на годишната добивка благодарение на зголемената побарувачка за летовите низ Европа, кои ќе го ублажат влијанието на повисоките трошоци.
Во фискалната година која заврши на 30 септември нето добивката е зголемена за 56 проценти, на 398 милиони фунти (474 милиони евра), изјави компанијата. Добивката пред оданочување пораснала за 50,9 проценти, на 478 милиони фунти.
Приходите се зголемени за 10,5 проценти и изнесуваат 4,258 милијарди фунти. Трошоците без гориво скокнаа на 2,598 милијарди фунти, додека трошоците за гориво се зголемија на 1,182 милијарди фунти.
„Ќе продолжиме со нашата стратегија за понуда на ниски цени за летовите на привлечните дестинации и со пријателска услуга со цел и понатака да останеме конкурентни на пазарот“, изјавија од компанијата.