ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намалува каматната маржа на банките и штедилниците

Се намалува каматната маржа на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,32 п.п., при што во јуни таа е 2,20%, додека пак просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,44 п.п. и изнесува 5,03%.

Во јуни, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечен и годишен пад од 0,30 п.п. и 0,66 п.п., соодветно и изнесува 4,42%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,03 п.п. на месечна основа, при годишен пад од 0,17 п.п. и изнесува 2,35%.

Каматни стапки на корпоративниот сектор

Во јуни 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,62% и е намалена за 0,04 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.) и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се зголемени (за 0,02 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка бележи пад од 0,64 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, забележа месечен пад од 0,39 п.п. и изнесува 4,28%. Надолната промена е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,65 п.п. и 0,40 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.). Во споредба со јуни претходната година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,67 п.п.

Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 2,56%. Анализирано по валута, промената во целост се должи на пониските каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,31 п.п.), при забележан раст на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п., соодветно). На годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,31 п.п.

Овој месец, кај каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор е остварен месечен раст од 0,08 п.п. и изнесува 2,38%. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,27 п.п.), при пад на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Во јуни, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 2,50%, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,01 п.п.

Каматни стапки на домаќинствата

Во јуни 2025 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,44% и е намалена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Притоа, промената се должи на падот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,04 п.п.), при непроменети каматни стапки на кредитите во странска валута и раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа пад од 0,22 п.п. на годишно ниво.

Овој месец, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата оствари месечен пад од 0,10 п.п. и изнесува 4,69%. Падот се должи на пониските каматни стапки на сите компоненти, и тоа на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,09 п.п.) и на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,06 п.п. и 0,05 п.п., соодветно). Во споредба со јуни претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,60 п.п.

Во јуни, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета на месечна основа и изнесува 2,15%. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,31 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во јуни, изнесува 2,33% и оствари месечен пад од 0,01 п.п. Надолната промена во целост е резултат на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,12 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,25 п.п.). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,22 п.п. на годишна основа.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП