19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкротираше иранската NIGC

Банкротираше иранската NIGC

nigc1

Иранската национална компанија за гас „NIGC“ со долг од 100 милијарди ријали (четири милијарди долари), објави банкрот.

Министерот за нафта на Иран, Биџан Занганех објасни дека финаниските тешкотии на „NIGC“ се предизвикани од делувањето на претходното раководство. Грешките на менаџерите, според неговите зборови, доведоа до тешкотии во развојот и дистрибуцијата на енергија во земјата, пренесува Блумберг.

Од компанијата се обидуваат да ги негираат изјавите на министерот, така што портпаролот на „NIGC“ Маџид Буџарзаха изјавил дека компанијата не прогласила банкрот.

Иран, зад Русија, има најголеми резерви на гас кои се проценуваат на 10 проценти од вкупните светски резерви.Исламската Република извезува гориво во Турција, Ерменија и Азарбеџан.

Приходите од продажбата на гас минатата година достигнаа околу 3,8 милијарди долари. За споредба, приходите од извозот на нафта изнесуваа 69 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП