Летните температури конечно малку попуштија под 40°C – па време е да си дозволите и малку внатрешно освежување. Доколку сте на одмор, лежите во двор или едноставно барате момент само за себе, време е за нешто што ќе ве релаксира и инспирира. Одвојте миг и нурнете во интересни, искрени и едукативни женски разговори – преку епизодите од втората сезона на dm поткастот „Женски ритам“!
А зошто и да не организирате една забавна „girls night” ? Соберете ги најдрагите пријателки, згответе нешто вкусно и здраво со производите од dmBio, наместете ги меките перници, наполнете чаши со лимонада или леден чај и пуштете неколку епизоди од поткастот. „Женски ритам” носи инспиративни, едукативни и топло-женски разговори кои ќе ве насмеат, замислат но и поттикнат да научите нешто ново за себе. Секоја епизода е вистинско ново аудио-патување низ теми што допираат до срцето и умот: од менструалниот циклус, хормоните и психичкото здравје, до емоциите, нутрицијата, грижата за себе и моќта на женскиот идентитет и индивидуалност. Заедно со гостинките во епизодите, влегувате во еден мал, интимен свет каде што вистинските женски гласови раскажуваат вистински приказни, една длабока внатрешна интроспектива која преиспитува се’ што сме знаеле за хормоните, емоциите и внатрешните процеси низ кои поминува една жена.

