3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите на Brussels Airlines стапија во штрајк

Пилотите на Brussels Airlines стапија во штрајк

briselairair1

Пилотите на белгиската авиокомпанија „Brussels Airlines“ стапија во штрајк, поради што се откажани 39 летови на оваа компанија, беше објавено на веб страницата на оваа компанија.

Пилотите на белгиската авиокомпанија протестираат бидејќи сметаат дека управата не се придржува до договорот постигнат минатата година во рамките на планот за подигнување на профитабилноста на компанијата.

Тие бараат осум пилоти, кои се постари од 58 години и треба да бидет пензионирани оваа година, да останат во активната служба, пренесува белгиската агенција Бeлга.

Претставниците на пилотите, синдикатот и управата на компанијата вчера не успеаа да се договорат, а пилотите не го прифатија планот кој изутринава го претстави извршниот директор на компанијата Бернар Густен, туку одлучија да стапат во штрајк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП