Побарувачката за луксузни куќи за одмор во Грција и оваа година остана на високо ниво, според анализата на Engel & Folkers, во која се наведува дека 85 проценти од сите трансакции се извршени од странски купувачи, а цените на недвижностите на грчките острови се уште се конкурентни во споредба со другите медитерански пазари.
– Купувачите варираат во зависност од локацијата, но повеќето од нив доаѓаат од Централна Европа, како и од Соединетите Американски Држави, Либан, Израел, Балканот и Турција. Побарувачката е најизразена за вили со базен и поглед на море, додека за најлуксузните недвижности, близината до плажата е клучна за клиентите – изјави директорот на Engel & Folkers Грција, Јоргос Петрос.

