4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“  нарача 10 нови авиони „Ербас А320 Нео“, кој би требало да станат дел од неговата флота во периодот од 2018 до 2020 година. Цената на овие летала надминува милијарда долари. Новите А320 етапно ќе ги заменуваат авионите што сега ги користи „Ер Србија“, со што до 2020 година е предвидено „пензионирање“ на сите „Боинзи 737“.

Белград – Српската компанија „Бамби“ планира во следната година да инвестира 10 милиони евра во развој на нова производна линија во погоните во Пожаревац и на лансирање на нови производи на пазарот. Според извршниот директор на компанијата, Даниел Боехи, инвестицијата треба да се рализира кон средината на следната година. Во првите девет месеци од оваа година „Бамби“ забележа раст на приходот од 12 отсто во споредба со истиот период лани. До крајот на годината компанијата очекува приход од 100 милуиони евра.

Атина – Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле смета дека дополнителната финансиска помош за Грција е можна следната година, но не ја прифати идејата за евентуално ново отпишување на грчкиот долг, пишува весникот „Етнос“. – Грција има најголеми проблеми од сите земји погодени од кризата. Тоа бара повеќе време, за да може повторно да застане на нозе. Пред изборите во Германија веќе кажавме дека треба да видиме до средината на следната година дали ќе доставиме дополнителна помош за Грција по истекувањето на рокот на сегашната програма за фискална консолидација на крајот од следната година. Секако дека тоа ќе се случи, доколку Грција ги исполни ангажманите, рече Шојбле за германскиот весник „Билд“.

Атина – Во Грција како печурки по дожд никнуваат сендивчари за гиро кои се претвораат во „плашила“ за економската криза, која ги принуди Грците масовно да ги затвораат своите продавници и ресторани, оценува американскиот весник „Волстрит Џурнал“ во својата репортажа за Грција. Спротивно на големите светски синџири за брза храна, како „МекДоналдс“, кои се принудени да затвораат ресторани низ Грција, малите објекти за продавање гиро се множат низ цела земја. Дури и луѓе, кои немале никаква претстава како се приготвува гиро, се наоѓаат во оваа приказна во услови на криза, наведува „Волстрит Џурнал“.

Атина – Грција на кредиторите им предложила план за реализирање структурни реформи за 1,3 милијарди евра за финансирање на недостигот на средства во државниот буџет во 2014 година, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас. Тој истакна дека за затворање на „дупката“ во финансиите за 2014 година на „тројката“ меѓународни кредитори биле предложени мерки од структурен карактер, соодветни на 0,7 проценти од БДП или 1,3 милијарди евра. Мерките се поврзани со решавање на проблемот при собирање средства за пензиско осигурување, скратување на расходите на државните претпријатија.

Париз – Француските земјоделци денеска се заканија дека поради зголемување на даноците ќе ги блокираат приодите кон Париз. Двата синдикати од парискиот регион соопштија дека „ќе го блокираат Париз… за да се слушне гласот на земјоделскиот сектор, кој е жртвуван“. Синдикатите ФДСЕА и ЈА соопштија дека нивните членови се погодени од зголемување на даноците како и од „се поголемите барања за еколошки одредби, зголемените контроли и построгите регулаторни механизмни“.

Лондон – Амнести Интернешанл (АИ) ги обвини властите во Катар дека странските работници кои работат на изградбата на објектите за Светското првенство во фудбал во 2022 година „ги третираат како животни“. Според оваа меѓународна организација за заштита на човековите права, градежните работници се изложени на разни облици на злоупотреби и на експлоатација, низ казнувања и неплаќање за работата што ја вршат, дека се изложени на обврски кои често се опасни по животот, како и дека живеат во крајно мизерни услови. АИ извршила истражување, разговарајќи со 210 странски работници, нивните работодавачи и со функционери во Катар, а во него се внесени и сведочењата на работниците од Непал кои први се пожалија за односот на катарските власти и на локалните работодавачи.

Дака – Поради штрајк на текстилните работници кои бараат повисоки плати, во Бангладеш денеска не работаат речиси 140 фабрики за облека, а неколку илјади работници се судрија со полицијата во предградие на Дака, при што загинаа најмалку две лица. Протестите поради ниските плати и условите за работа почнаа откако во април годинава се урна фабричкиот комплекс „Рана плаза“ во предградие на Дака при што загинаа 1.135 луѓе. Полицијата соопшти дека денешното насилство почна во Ашулика, каде се наоѓаат поголемиот број текстилни фабрики кои работаат за западни фирми, како што е „Волмарт“.

Токио – Над илјада вработени од големата енергетска корпорација ТЕПКО, операторот на нуклеарната централна „Фукушима-1“, која беше оштетена во разорниот земјотрес и цунами во 2011 година, поднеле барање за отказ од следната година, изјавија претставници на компанијата. Според експертите бројот на барањата за отказ може да се зголеми до декември, кога се очекува да биде одобрен новиот бизнисплан. Во моментов персоналот на ТЕПКО брои околу 36 илјади лица.

Њујорк – Њујоршкит „Форбс медиа“ по 96 години издавање на списанието „Форбс“, со банкарите ја разгледува можноста за продажба на компанијата. – Компанијата работи со Дојче банк на продажбата, се наведува во дописот на генералниот директор Мајк Перлис, испратен до вработените во компанијата и се додава дека се разгледува продажбата по добиените понуди од потенцијалните купувачи. Њујоршката компанија, чиј основач е семејството на поранешниот американски претседателски кандидат Стив Форбс очекува најмалку 400 милиони долари од продажбата, изјави претставник на компанијата, додека според друг претставник таа нема да добе повеќе од 200 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП