ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes“ попушта пред клиентите, остануваат малите автомобили во гамата

„Mercedes“ попушта пред клиентите, остануваат малите автомобили во гамата

„Mercedes“ одлучи да го продолжи животниот век на моделите од А-класата, и хечбек и седан, поради силната побарувачка во Европа, иако првично беше планирано производството да биде прекинато во 2026-та година. Двата модели од основно ниво на германската компанија сега ќе останат во производство барем до 2028-ма година.

Сепак, нема планови за сосема нова генерација. Наместо тоа, новиот „CLA“ ќе ја преземе улогата на најприфатлив модел во гамата на „Mercedes“.

Раководителот на производство на „Mercedes“, Јерг Бурцер, потврди за списанието „Automobilwoche“ дека „А“-класата ќе остане подолго од првично планираното, но не сакаше да коментира за точниот датум на завршување на производството.

Бурцер ја нагласи „силната привлечност“ на моделот на европскиот пазар.

Тековниот модел наскоро ќе наполни една деценија

Четвртата генерација на „А“-класата (W177) беше претставена во 2018-ма година и беше освежена кон крајот на 2022-ра година. Доколку остане во производство до 2028-ма година, ќе доживее една деценија на пазарот, реткост во денешната автомобилска индустрија.

Можно е уште едно освежување за да остане конкурентен со модели како што се „кецот“ на „BMW“ и „Audi A3“, иако веќе е повлечен од северноамериканскиот пазар.

И покрај продолжувањето на животниот век на „А“-класата, „Mercedes“ сè уште планира постепено да ја повлече „Б“-класата, својот компактен „MPV“,  до 2026-та година, во согласност со стратегијата за намалување на бројот на компактни модели од седум на четири.

Продажбата ја држи „А“-класата во игра

Според податоците од „Dataforce“, 27.772 единици од „А“-класата се продадени во Европа помеѓу јануари и мај оваа година, што е пад од 15% во споредба со истиот период минатата година.

Сепак, таа бројка е сè уште доволно силна за да оправда продолжување на производството.

Од друга страна, „Mercedes“ продаде само 5.997 единици од „Б“-класата во истиот период, што го потврдува падот на побарувачката за компактни премиум моноволуменски возила.

Подготовки за нова генерација компактни возила

За да ослободи простор за идните модели, „Mercedes“ планира да го премести производството на „А“-класата од Раштат, Германија, во Кечкемет, Унгарија, каде што ќе се произведува во последните две години (2026–2028).

Бурсер објаснува дека оваа промена ќе „ослободи клучни капацитети потребни за интегрирање на модели базирани на механичката платформа MMA“ во фабриката во Германија.

Првиот модел од новата генерација е „CLA“, кој веќе е успешно лансиран на пазарот. „Mercedes“ дури воведе и трета смена во производството за да ја задоволи растечката побарувачка.

„CLA“ е базиран на модуларната архитектура на „Mercedes“ (MMA) и моментално е достапен како електричен седан, додека верзиите со „SUS“ мотори и караван од типот „Shooting Brake“ се во изработка.

По „CLA“ ќе следат нови верзии на „SUV“ моделите „GLA“ и „GLB“, кои моментално се во развој.

За разлика од другите компактни возила, овој модел нема да ја користи платформата „MMA“ бидејќи „Mercedes“ сака да ги задржи своите теренски можности, во согласност со репутацијата на својот голем „брат“

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП