ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАNokia се враќа на пазарот на телефони?

Nokia се враќа на пазарот на телефони?

Легендарниот бренд нема намера да се откаже од пазарот на паметни телефони.

„Nokia“ и „HMD Global“ почнаа да се разделуваат во текот на изминатата година, процес што вклучуваше отстранување на телефоните со брендот „Nokia“ од страницата hmd.com и нивна замена со модели со брендот „HMD“.

Сепак, брендот „Nokia“ би можел да продолжи да живее во светот на телефоните доколку финскиот бренд најде нов партнер.

Менаџерот за односи со заедницата на Nokia објави дека компанијата е отворена за соработка со „голем производител на мобилни телефони“. Секако, зборовите на менаџерите на социјалните медиуми немаат голема тежина, а Reddit не е најдоброто место за пронаоѓање на OEM производители на паметни телефони.

Nokia го лиценцираше својот бренд во неколку различни сегменти – Streamview произведуваше телевизори, RichGo произведуваше слушалки (и друга дополнителна опрема за паметни телефони), а OFF Global произведуваше лаптопи. Како што веројатно можете да заклучите од употребата на минато време, овие договори за брендирање исто така завршија.

HMD не се справува баш најдобро и неодамна објави дека ќе ги намали своите операции во САД. Самата Nokia мораше да ги одбрани гласините за проблеми – минатата година имаше извештаи дека Samsung размислува да го купи мрежниот бизнис на Nokia. Сепак, Финците брзо ги негираа тие гласини и оттогаш не слушнавме ништо за тоа. „Nokia“ наскоро ќе ги објави своите резултати за вториот квартал од 2025 година. Во првиот квартал, таа објави оперативен профит од 156 милиони евра со нето продажба од 4,39 милијарди евра.

Останува да се види како ќе се развива ситуацијата и која компанија би можела да го преземе брендот „Нокиа“ за телефони.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП