3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пад на невработеноста во Словенија

Благ пад на невработеноста во Словенија

slovenija1

Стапката на невработеност во Словенија во септември се намали на 12,6 проценти од 12,8 проценти кои беа забележани во август, соопшти денес словенечката канцеларија за статистика и истовремено предупреди на можноста за повторен скок на невработеноста.

„Потпирајќи се на податоците од претходните години, очекуваме дека стапката на невработеност ќе се зголеми во октомври,  бидејќи тогаш голем број на студенти ќе дипломираат и ќе се пријават на бирото за вработување“, се додава во соопштението на канцеларијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Европската комисија неодамна предупреди дека невработеноста во Словенија нагло пораснала во првата половина од оваа година, како и дека ќе продолжи да расте во догледна иднина, со оглед на тешката економска ситуација.

Освен Кипар, Слоенија ќе биде една од земјите која наредната година ќе остане во рецесија, а проценките велат дека пред 2015 година таа нема да забележи позитивен економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП