ПочетнаЕКОНОМИЈАИницијативата „Made for Germany“ вреди 631 милијарда евра

Иницијативата „Made for Germany“ вреди 631 милијарда евра

Извршните директори на Deutsche banke и Siemens, Кристијан Севинг и Роланд Буш, го објавија заедничкото основање на инвестициската иницијатива „Made for Germany“, вредна 631 милијарда евра.

„Како сојуз на многу водечки компании, сакаме тесно да соработуваме со политичарите за да помогнеме на Германија, а со тоа и Европа, да се постави на патот кон раст“, рече Севинг во интервју за Ханделсблат, објави Мина.

Буш оцени дека компаниите имаат јасни очекувања од Владата и додаде дека обете мора брзо да се обединат за да се создаде моментум.

Моментално, 61 корпорација се обврзаа да инвестираат во економијата на земјата во текот на следните три години.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП