ЕКОНОМИЈА

Контрола на финансиите во Ватикан

vatikan

Американската консултантска куќа „Ernst and Young“ ќе спроведе внатрешна контрола на финансиите во Ватикан, најмалата независна држава во светот.

Најавената контрола е дел од широката реорганизација на финансиските и административните структури на Ватикан, која е покрената од папата Франсис по неговиот избор во март, пренесува агенцијата Франс прес.

Друга американска консултантска компанија „Promontory Financial Group“, веќе е повикана да провери 19.000 сметки во Банката на Ватикан.

Според папскиот декрет, познат како „моту проприо“, предвидено е и основање на посебна канцеларија која ќе ги контролира финансиите.

Папата Франсис ги забрза реформите, кои ги започна неговиот претходник Бенедикт XVI, а кој имаше за цел да го доведе Ватикан во согласност со меѓународните правила за борба против корупцијата и перењето пари.