ПочетнаЕКОНОМИЈААЕК објави тендер за трет мобилен оператор

АЕК објави тендер за трет мобилен оператор

Како што и беа најавите, Агенцијата за електронски комуникации го објави јавниот тендер за избор на трет мобилен оператор во Македонија. Во Службен весник веќе е објавена одлуката за распишување на тендерот, кој ќе биде со јавно надавање за доделување на одобренија за користење на радиофрекфенции од радиофрекфенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3 X GHz.

Одобренијата за користење на радиофрекфенциите А1 и Ц1 ќе бидат во времетраење од 12 години, додека пак одобренијата Б1 се издаваат за период од осум години. Критериумот за избор на најповолен понудувач за доделување на одобренијата за користење на радиофрекфенции е висината на еднократниот надоместок за добивање на одобренијата, стои во документот објавен во Службен весник. Во документот освен условите за учество на тендерот, стои и дека понудувачот треба да почне да ги користи радио фрекфенциите до крајот на 2026та година.

„Право на учество на јавниот тендер со јавно наддавање за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции имаат домашни и странски физички и правни лица кои ќе ја подигнат тендерската документација и ќе ги исполнат условите. А тоа се: во последните пет години на економскиот оператор или на лицето кое што е член на управниот или надзорниот орган на тој оператор или кое има овластување за застапување и донесување одлуки во последните пет години, да не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело. Да не му е изречена казна за привремена или трајна забрана за вршење на дејност, да нема стечајна постапка или ликвидација, да се платени даноци, придонеси и други јавни давачки, да не му е извршена забрана за вршење на професија, или дејност, да не поседува јавна радио комуниуикациска мрежа.” – пишува од Агенцијата за електронски комуникации.

Според информациите за трите фрекфенции, новиот трет оператор кој ќе сака да влезе на македонскиот пазар за телекомуникации ќе треба да обезбеди околу осум милиони евра. Понудите треба да бидат отворени и објавени на 22 август.

Од Агенцијата за електронски комуникации се на став дека на земјава и треба трет мобилем оператор, со образложение дека на тој начин ќе се подобри конкурентноста а со тоа и цените би можеле да се намалат. Инаку, Македонија е една од ретките земји во кои работат само два мобилни оператори. Во речиси сите други земји, не само во регионот туку и во цела Европа, на пазарот има по најмалку три телекомуникациски оператори.

Како најзаинтересирана за влез на македонскиот пазар се споменува унгарската 4 АЈ ЏИ која веќе е и регистрирана во земјава. Оваа компанија веќе потпиша и меморандум за соработка со македонската влада се со цел да даде до знаење дека е сериозно заинтересирана за инвестиции во државава.

И.П.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП