24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов рекорд: За прв пат Golf TDI BlueMotion помина 100 km со...

Нов рекорд: За прв пат Golf TDI BlueMotion помина 100 km со 2,92 литри

Rekordfahrt Golf TDI BlueMotion schafft erstmals 292 Liter Verbrauch

При тестот на DEKRA  се докажа дека Volkswagen Golf TDI BlueMotion е автомобил кој троши под 3 литри на 100 километри. Патот од Нант до Копенхаген , Golf со TDI мотор и моќност од 81 kW/110 КС, го помина со само 2,92 литри дизел на 100 километри. Растојанието меѓу двата града кое изнесува 1602 километри, Golf го помина со еден резервоар.

Сајмон Томас, шеф на одделот за маркетинг во групацијата Volkswagen и Volkswagen патнички возила изјави: “Ова навистина е импресивен резултат. Ова патување покажа дека интеракцијата помеѓу ефикасната BlueMotion технологијата и обмисленото проактивно возење овозможува сериозни заштеди”.

Различни патишта ги спојуваат Нант, градот од западниот дел на Франција, кој беше прогласен за “Европскиот Зелен град“ за 2013 година и главниот град на Данска, Копенхаген, кој излегува на Балтичкото море и кој исто така беше прогласен за „Европскиот Зелен град“  за 2013 година. Патот води преку Париз, Антверпен, Бремен и Хамбург. „Think Blue. Eco Ride“ покажа дека стандардната потрошувачка според  NEDC циклусот на возење, која и онака е веќе ниска и изнесува 3,2 литри на 100 км и 85 грама СО2 на километар, може да се подобри. Возачите од Volkswagen Driving Experience успеаa да постават нов рекорд 2,92 литри дизел на 100 километри во нормален сообраќај за 20 часа и 45 минути. Стандардниот 50 литарски резервоар беше наполнет во Нант каде што и беше пломбиран од страна на инспекторите на DEKRA. На крајот од патувањето, 46,92 литри дизел го исполнија до врв истиот резервоар, под надзор на истиот инспектор.

Автомобилот Golf TDI BlueMotion е член на семејството Golf а во него вградени се врвни технички иновации, како и кај сите други Golf модели. Тука се старт -стоп системот и регенеративното сопирање. Покрај тоа, моделот има совршена аеродинамика и мала тежина. Сето тоа придонесува кон повисока ефикасност кај Golf TDI BlueMotion .

„Think Blue” е меѓународна холастичка стратегија на бреднот Volkswagen патнички возила за заштита на животната средина. Иницијативата вклучува иновативни, еколошко компатибилни производи кои интегрираат различни погонски технологии. Целта на иницијативата е да ги охрабри луѓето да ги преиспитаат својот однос кон животната средина и да се вклучат во иницијативата . Сајмон Томас изјави: Благодарение на „Think Blue” покажеме дека ниската потрошувачката може да се комбинираат со задоволството при возењето. Од таа причина Volkswagen во многу земји нуди обука за економично возење во соработка со невладината NABU  – германска еколошка унија”.

Rekordfahrt Golf TDI BlueMotion schafft erstmals 292 Liter Verbrauch

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП