11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовирана физибилити студија за мали хидроцентрали

Промовирана физибилити студија за мали хидроцентрали

hidrocentrali

Зголемено производство и намалување на потребата од увоз на електрична енергија, намалување на емисијата на стакленички гасови и придвижување на локалната економија, се придобивките кои ќе произлезат до проектот за изградба на мали хидроелектрични централи, оцени денеска министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

На промоцијата на Физибилити студијата за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи, Адеми посочи дека таа ги содржи сите потребни информации од економска, правна, финансиска и техничка анализа, со препораки и заклучоци за 80 локации за кои Министерството за животна средина и просторно планирање треба да даде концесија.

– Ја имаме предвид атрактивноста на локациите, како и подобрување на условите за инвестирање во малите хидроелектрични централи, што е предуслов за успешност на целиот проект, рече Адеми.

Од особена важност, како што нагласи, е да се истражат и понудат најоптимални решенија.

– За таа цел, врз основа на наодите од физибилити студијата, се разгледуваат можностите за групирање на одредени локации по водотеци, можностите за промена на повластените тарифи за произведена електрична енергија, како и за изменување и дополнување на мрежните правила и поедноставен приклучок во електричната мрежа на Македонија, подвлече Адеми.

Од економска гледна точка, инвестициските трошоци потребни за реализирање на 80-те мали хидроцентрали се проценети на 176 милиони евра, а вкупната инсталирана моќност е проценета на 63 мегавати. Вкупното производство на електрична енергија, доколку се реализираат сите 80 мали хидроцентрали, се очекува да изнесува 226 гигават часови.

Ресорниот министер денеска ја промовираше и веб-страницата, преку која ќе се обезбеди транспарентност во реализацијата на активностите, како и навремено и објективно информирање на граѓаните, инвеститорите и сите заинтересирани страни.

– Веб страницата за мали хидроцентрали, која овозможува поедноставен и полесен пристап до сите потребни информации поврзани со проектот, вклучувајќи ја и физибилити студијата, е вградена во сајтот на МЖСПП, информира Адеми.

Согласно планот до крајот на годината Министерството ќе објави шест пакети на мали хидроелектрични централи, а рокот на аплицирање е 90 дена од објавувањето на тендерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП