ПочетнаЕКОНОМИЈАОвогодишната главна суровина е метал за кој никогаш не сте слушнале (ИНФОГРАФИК)

Овогодишната главна суровина е метал за кој никогаш не сте слушнале (ИНФОГРАФИК)

Благодарение на бумот во вештачката интелигенција (AI), еден исклучително редок хемиски елемент за кој веројатно никогаш не сте слушнале е една од најдобро перформираните суровини на пазарот оваа година.

Рутениумот, сиво-сребрен метал од платинската група, го надмина широко објавениот пораст на цените на металите како златото и среброто, речиси двојно зголемувајќи ја својата цена во текот на изминатата година на 800 долари за унца, според податоците од рафинеријата „Johnson Matthey Plc.“, цитирани от „Bloomberg“.

Цената е во согласност со нејзиниот последен врв во 2021-ва година и е многу блиску до рекордот од 870 долари поставен пред 18 години.

Цена на рутениумот во споредба со водечките стоки и индексот на секторот на „Bloomberg“. Графикон: „Bloomberg“

Металот рутениум е познат по својата екстремна тврдост и неговите многубројни употреби во електрониката, складирањето енергија и хемиската индустрија. Но, револуцијата на вештачката интелигенција, особено кај хард дисковите е причина за неодамнешното зголемување на цените, според консултантската компанија „SFA (Oxford) Ltd“.

„Со подемот на вештачката интелигенција, со растечката побарувачка за складирање на податоци, потребна ви е технологија која е сè уште евтина, исплатлива и може да складира големи количини на податоци“, рече аналитичарот Сандип Калер.

„Технологијата што се потпира на други елементи е сè уште многу скапа, што значи дека побарувачката за рутениум ќе продолжи да расте освен ако не се најдат поевтини алтернативи“, рече таа.

Но, рутениумот е исто така тежок за ископување. Годишните залихи, кои се главно нуспроизвод на платина, беа само 30 тони минатата година и се очекува да паднат дополнително поради недостаток на инвестиции по серијата слаби цени

„Се очекува пазарот да биде во дефицит следната година, при што побарувачката ќе ја надмине понудата“, додаде Калер.

Побарувачка за рутениум по сектори минатата година. Графикон: „Bloomberg“

Но, користените количини се исто така мали. Кај тврдите дискови, рутениумот овозможува поголема густина на податоци и е во форма на филм потенок од еден нанометар.

Се очекува растот на „cloud computing“ да ја зголеми продажбата на тврди дискови за 16% оваа година, според „International Data Corp.“, цитирана од „Bloomberg Intelligence“, што пак се очекува да ја зголеми побарувачката за рутениум.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП