Народната банка изрази загриженост од новиот раст на цените на становите. Лично гувернерот Трајко Славески истакна дека се бара модел како да им се застане на патот на градежниците во формирањето на цените. Во вториот квартал од годината забележан е раст од 22 отсто во однос на цените кои биле во истиот период 2024 година. Градежниот сектор е дециден, по цени над три илјади евра се продаваат станови кои се луксузни и за нив има најмноигу интерес.
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески подготвува сериозни мерки како да се застане на патот на градежниот сектор во однос на цените кои континуирано растат на недвижностите. Тој вели дека Народната банка како институција не може самата да го реши овој проблем. Па затоа рече дека ќе побара институционална помош и од други изнституции.
„Во моментов вршиме сериозни анализи за растот на цените на недвижностите, особено на становите и тука подготвуваме некои мерки за кои дополнително ќе ве известиме. Според некои мерења, за растот на цените на недвижностите има повеќе причини за загриженост и Народната банка секако во комуникација со другите институции, не може сами да го решаваме тој проблем и би сакале да ги насочиме нашите активноти кон јасна дистинкција, помеѓу кредитирањето на станови и или објекти за живеење, кои се наменети за живеење, и кредитирањето на недвижности за инвестиција или во некој случај за шпекулација за очекување на натамошен раст на цените“, вели Трајко Славески Гувернер на Народната Банка.
Од градежниот сектор веќе посочија дека во Скопје има станови кои се сметаат за луксузни и нивните цени надминуваат и над три и пол илјади евра. Во просек нов стан во центарот на градот Скопје становите се движат по цени од две до две и пол илјади евра.
Во првиот квартал од годинава цената на недвижностите надмина 26 отсто, во вториот квартал растот е над 22 отсто. Освен ново градба сериозен раст на цените имаат и старите станови кои се продаваат по цени речиси како да се изградени неодамна.
И.П



