16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКартел – Казна за фабриките на чоколади

Картел – Казна за фабриките на чоколади

coko5

Германската федерална канцеларија за борба против картел здружување, казни единаесет производители на чоколадо.

Производителите на чоколади, вклучувајќи ги Нeстле и Крафт, трабa да платат вкупно 60 милиони евра, поради склучувањето на договор чија цел била зголемување на цeните.

Според соопштението од Канцеларијата, незаконските активности на 11 компании се случувале помеѓу 2004 и 2008 година. Производителот на чоколадите Марс ја избегна оваа казна, бидејќи тој ја предупреди власта на Германија за овие неправилности.

Компаниите, меѓу другото, се договарале колку да ги поскапат своите производи во период кога цената на суровата чоколада нагло се зголемила во 2007 година.

Германската канцеларија за борба против картел здружување, соопшти дека производителите на чоколади „едноставно престанале да се натпреваруваат на пазарот, со што дошло до зголемување на цените на суровата чоколада“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП