13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе стопира производството на Фиат во Србија

Се стопира производството на Фиат во Србија

Serbian-Fiat-factory-Kragujevac

Производството во компанијата „Фиат Автомобили Србија“ во Крагујевац седум дена ќе биде во целосен прекин поради инсталирањето на новата опрема во погонот за лакирање. Производството ќе продолжи на 25-ти ноември.

„Поради инсталирање на новата опрема во компанијата, од утре до 25-ти ноември производството ќе биде во прекин“, изјави претседателот на синдикатот на оваа компанија, Зоран Марковиќ.

Работниците ќе бидат испратени на колективен годишен одмор. Марковиќ вели дека паузата ќе биде искористена за поставување на роботизирана линија во лакирницата.

Инаку фабриката на Фиат во Крагујевац работи во три смени, а секоја од нив произведува по 210 автомобили од моделот „500 L“, кој се извезува во стотина земји ширум светот.

Официјалната продажба на моделот „500 L“ започна на крајот на септември минатата година, а за само една година претставени се и моделите „500 L living“ и „500 L trekking“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП