20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1 декември собирање фискални сметки за новата наградна игра

Од 1 декември собирање фискални сметки за новата наградна игра

fiskalna-smetka

Фискалните сметки издадени по 1 декември 2013 година ќе учествуваат во наградната игра што вчера ја најави Владата.

Граѓаните ќе учествуваат во наградната игра со собрани 20 фискални сметки на кој било износ.

Првото извлекување е на 30 декември 2013 година, а ќе има девет кола.

Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,…

Целта на наградата, под мотото „Фискална во рака – награда без мака“, е подигање на јавната свест кај граѓаните, односно тие да се мотивираат и да бидат заинтересирани за добивање фискална сметка секаде каде што пазарат и добиваат услуга.

Приредувач на наградната игра ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под
покровителство на Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП