2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche 918 Spyder е дури уште побрз!

Porsche 918 Spyder е дури уште побрз!

porse 918

Пред првите испораки на својот нов топ модел, „Porsche“ ја објави информацијата за подобрените перформанси на овој автомобил.

Според корегираните податоци, „918 Spyder“ од место до брзината од 96 km/h (0-60 милји на час) стигнува за 2.5s, што е за 0.2s подобро време во однос на претходниот резултат. Иако не е објавено колку време е потребно автомобилот да ја постигне брзината од 100 km/h се претпоставува дека во овој случај е направена промена (претходното време изнесуваше 2.8s).

Подобрувањето е значајно и кога се мери времето кое е потребно од мирување да достигне 200km/h. Новите резултати до кои дојде „Porsche“ покажуваат дека за постигнување на оваа брзина на моделот „918 Spyder“ му се доволни 7,2 s, што е за пола секунда помалку во однос на претходното време.

Најдобро подобрување е забележано при забрзувањето од 0-300 km/h. Претходните 22 секунди се скратени на 19,9 секунди.

„Porsche 918 Spyder“ е подобрен и кога станува збор при возењето во електричниот начин на овој хибриден модел. Ако се движи исклучиво на струја, на автомобилот за забрзување до „стотка“ доволни му се 6,2 s, што е за 0,7 s подобро, отколку во претходните мерења. Со изборниот пакет „Weissach“, времето се намалува на 6,1 s.

Потсетуваме дека „Porsche 918 Spyder“ е опремен со хибриден погонски систем кој се состои од 4.6 литарски V8 мотор со 608 ks (447 kW) и два електромотори. Електромоторите произведуваат 156 ks (115 kW) и 129 ks (95 kW), односно вкупно 285 „коња“, а максималната комбинирана снага на хибридниот погон изнесува 887 ks (652 kW).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП