3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeinz затвора фабрики во САД

Heinz затвора фабрики во САД

heinz1

Компанијата „Heinz“ позната по производството на кечап и сосови, најави дека ќе отпушти 1.350 работници во Северна Америка во наредните шест до девет месеци.

Американскиот производител на храна ќе мора да ги затвори своите фабрики во Јужна Каролина, Ајдахо и Канада. Во компанијата отказите се оправдуваат со потребата за поголема ефикасност.

Производството, кое се одвива во овие фабрики, ќе биде преместено на други локации во САД и Канада. Во компанијата наведуваат дека ќе инвестираат во отворањето на нови 470 работни места во Охајо, Ајова, Калифорнија и во Канада.

Кога реорганизацијата ќе биде завршена, „Heinz“ ќе има 6,800 вработени во Северна Америка, вклучувајќи ги и постојано врaботените работници. Компанијата веќе отпушти 600 работници во август.

„Heinz“ ги продава своите сосови во повеќе од 200 држави, а неговиот кечап во САД според  продажбата е на прво место со повеќе од 50 проценти учество на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП