19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФестивал на младо вино на ВВ „Тиквеш“

Фестивал на младо вино на ВВ „Тиквеш“

top pic Tikves

Винарската визба „Тиквеш“ денеска на Фестивалот на младо вино во дворот на винаријата во Кавадарци ги претстави вината произведени од новата реколта на грозје. Целта на фестивалот, кој се одржува по четврти пат е да се оцени потенцијалот на младите вина, но и да се подигне винската култура во земјата.

Генералниот директор на ВВ „Тиквеш“ Игор Илиевски изјави дека годинава бербата завршила неодамна и откупиле повеќе од 25.000 тони грозје во износ од над пет милиони евра.

„Успеавме да обезбедиме поголема количина од висококвалитетни сорти од коишто се прават нашите „премиум“ вина. Пред нас е уште една година со предизвици како да ги постигнеме и надминеме признанијата за квалитет, така и да ја продлабочиме соработката на нови извозни пазари – Америка, Кина и Скандинавија“, истакна Илиевски.

На странските пазари ВВ „Тиквеш“ пласира повеќе од 60 отсто од своето вкупно производство кое годишно надминува 15 милиони литри квалитетно вино во шишиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП