Во САД во октомври дојде до неочекуван пад на индустриското произвоство од 0,1 проценти на месечно ниво, соопшти Управата на американските федерални резерви (ФЕД).
Падот на производството е резултат на намаленото производство во рударската индустрија, пренесува АПФ.
Исто така и производителите на автомобили го намалија производството во октомври, а беше намалено и производството во фабриките за компјутери, мебел и апарати за домаќинство.
Производството во рударскиот сектор, кое го вклучува и производството на нафта, е зголемено за 0,2 проценти, и тоа седми месец по ред.
Аналитичарите очекуваат дека во октомври ќе биде забележан раст од 0,1 проценти, по забележаното зголемување од 0,7 проценти кое се случи во септември.