„Infiniti“ го претстави моделот „QX60“ за 2026-та година претходно оваа година, а сега компанијата објави дека почетната цена ќе биде 51.200 долари.

Иако на прв поглед изгледа препознатливо, овој кросовер со три реда седишта претрпе мало рестилизирање, кое вклучува редизајнирана решетка на ладилникот со осветлен амблем на „Infiniti“. Исто така, има LED дневни светла во форма на дигитални копчиња „пијано“, како и нов преден браник со поедноставен дизајн.

Дизајнерите додадоа и нови тркала и го променија долниот дел од вратите, за да му дадат на возилото „подолг и похоризонтален изглед“. Моделот има и поаеродинамичен заден браник, како и малку изменета задна врата на багажникот, која повеќе го нема амблемот на „Infiniti“.
Промените во ентериерот се релативно скромни, но има нов 12,3-инчен инфозабавен систем со вградени услуги на „Google“. Овозможува пристап до „Google Maps“, „Google Assistant“ и „Google Play Store“.

Купувачите сега можат да изберат и нов премиум аудио систем „Klipsch“, како и „ProPILOT Assist 2.1“, полуавтономен систем за помош при возење. Исто така, има подобрени камери, како и нов тапацир „TailorFit“ кој сега е стандарден кај повеќето нивоа на опрема.
Во однос на опремата, основниот „QX60 Pure“ доаѓа со LED фарови, електрична задна врата и 20-инчни тркала.

Без оглед на избраното ниво на опрема, погонскиот склоп е 2,0-литарски четирицилиндричен мотор кој развива 268 ks и 387 Nm вртежен момент. Моторот е спарен со деветстепен автоматски менувач, а купувачите можат да изберат помеѓу погон на предните тркала или погон на сите тркала.