Ова е „Koenigsegg Sadair’s Spear“, најновиот хиперавтомобил од најпознатиот шведски производител на хиперавтомобили во светот.
Базиран е на „Koenigsegg Jesko“, но е уште поекстремен, што е интересно бидејќи никој не би го нарекол „Jesko“ питом или бавен. Производството, како што веројатно можете да замислите, е ограничено. А причината за името е фасцинантна.

„Sadair’s Spear“ е хиперавтомобил легален за возење на пат инспириран од „Jesko“. Благодарение на ревидираната поставеност и подобрениот проток на воздух, произведува 1.300 коњски сили на обично гориво или 1.625 коњски сили (25 коњски сили повеќе од „Jesko“).
Моторот е ист како кај „Jesko“ – 5-литарски V-форма, осумцилиндричен мотор со двојно турбо, во комбинација со „LST“ (Light Speed Transmission) континуирано променлив менувач. Покрај тоа, компанијата успеа да ја намали тежината за 35 килограми, што значи дека моделот може да произведе речиси една коњска сила за секој килограм тежина. Максималната брзина е 360 км/ч, а забрзувањето до 100 км/ч не е прецизирано.

Потенцијалот на „Sadair’s Spear“ може да се процени само според времето поминато на патеката „Gotland Ring“ на истоимениот шведски остров: новиот модел успеа да постави рекорд на патеката за време на првите тест возења, подобрувајќи го претходниот рекорд за 1,1 секунда.
„Koenigsegg“ објави дека ќе произведе само 30 единици и сите се распродадени пред официјалното претставување на моделот. А бојата е шокантна. Цената не е објавена, но стандардниот „Jesko“ започнува од околу 3 милиони долари. Се вели дека сите нови модели продадени досега вредат повеќе од 2 милиони долари.

Конигсег „Koenigsegg Sadair’s Spear“ е именуван по коњот што Јеско фон Конигсег, таткото на основачот на компанијата Кристијан, го јаваше на својата последна трка во 1976-та година. „Jesko“ бил џокеј во младоста. Идејата зад името е романтична, но исто така укажува на намената на автомобилот.

„Jesko“ не е лежерен, но според „ Koenigsegg “, „Koenigsegg Sadair’s Spear“ е уште почистокрвен и повеќе фокусиран на трките и на патеката. И покрај масивното крило и лесниот ентериер, може да се вози на патот. Иако, како и обично, повеќето клиенти веројатно ќе го паркираат во климатизиран складишен простор во следните неколку години.