1 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриската добивка на Кина паѓа поради американските тарифи и дефлацијата

Индустриската добивка на Кина паѓа поради американските тарифи и дефлацијата

Кинеската индустриска добивка падна најмногу од октомври, нагласувајќи ја слабоста на економијата оптоварена од повисоките американски тарифи и континуираните дефлациски притисоци, објави „Bloomberg“.

Индустриската добивка на земјата падна за 9,1% на годишно ниво минатиот месец, според податоците од Националното биро за статистика во петокот. Мајските бројки го поништија скромниот пораст претходно во годината и ја ставија економијата на пат кон пад од 1,1% во првите пет месеци од 2025-та година.

Нагласувајќи ги тешкотиите во услови на постојани дефлациски ризици, профитот на производителите на автомобили падна за 11,9% на годишно ниво во периодот јануари-мај, што е нивно најлошо работење од првиот квартал од 2023-та година. Производителите на автомобили се вклучија во жестока ценовна војна, поттикната од интензивната конкуренција за пазарен удел и зголемените трговски бариери.

Влошувањето на деловната доверба е лош знак и може да ги направи компаниите понеподготвени да инвестираат и вработуваат. Исто така, се нагласува потребата од поголем владин стимул од Пекинг за да се обезбеди исполнување на годишната цел за раст од околу 5%.

Намалувањето на приходите на индустриските претпријатија во мај се случи и покрај зголемувањето од 5,8% на индустриското производство, соопшти Националното биро за статистика. Вкупниот индустриски профит од 2,72 трилиони јуани (348,7 милијарди евра) во периодот јануари-мај беше за повеќе од една петтина помал отколку во истиот период во 2021-ва и 2022-ра година.

Рударството го предводи падот на профитот кај индустриските компании, при што падот се продлабочува на 29% во првите пет месеци во однос на претходната година, покажаа и податоците од петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар