28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJP Morgan Chase ќе плаќа компензација од 4.5 милијарди долари

JP Morgan Chase ќе плаќа компензација од 4.5 милијарди долари

jpmorganco

Американската инвестициска банка „JP Morgan Chase“ се согласи да плати надомест од 4.5 милијарди долари на инвеститорите кои ги загубија парите од хипотекарните хартии од вредност за време на финансиската криза.

Вредноста на хартиите од книги, ставени од многу инвестициски банки, вклучувајќи го и „JP Morgan“, нагло паднаа по колапсот на пазарот на недвижности во САД. Дваесет и еден крупни инвеститори ја обвинија банката дека продолжувала да им продава хартии од вредност, иако банкарската управа била свесна дека со секој изминат ден тие се амортизираат.

Измамените првично сакаа 5.75 милијарди од „JP Morgan“, но на крајот се согласиле компензацијата да биде 4.5 милијарди. Постигнатата спогодба, сепак треба да биде одобрена од судот. Според експертите е можно судиите да донесат одлука „JP Morgan“ да плати компензација поголема од веќе договорената.

„JPMorgan Chase“ е најголемата банка во САД по големината на активите, кои сочинуваат околу 2.3 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП