2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот покритие за матни зделки?

Биткоинот покритие за матни зделки?

Bitcoin

Брзиот раст на вредноста на „биткоинот“ ги загрижи економистите и Сенатот на САД. Аналитичарите предупредуваат дека воведувањето на биткоинот во реалниот сектор на економијата би било многу опасно.

Рударска компанија од Канада одлучила да ги исплати своите партнери, кои се бават со геолошки истражувања, со „биткоини“- електронски пари.

„Биткоин“ е виртуелна валута, која нема реално покритие. Овој поим се појави во 2008 година. Потеклото на називот на оваа виртуелна валута потекнува од англиските зборови „bit“- единица на информации и „coin“- валута.

Карактеристиката на електронската валута е во тоа што не постои центар од коj се управува со неа, бидејќи системот за електронски пари работи самостојно. Тој не поднесува одредени алгоритми и не ја одржува состојбата на економијата на било која држава, бидејќи се смета за меѓународна монета.

„Биткоиот“ го создале програмери, т.н. сајбер-анархисти и оние кои веруваат во иднината на оваа валута. Економистите приметиле дека во последно време виртуелната валута почнала да поскапува. На средината на октомври еден биткоин изнесувал150 долари, а овие денови вредноста се искачила на дури 390 долари- наведуваат агенциите.

Овој брз раст на вредноста на биткоинот го загрижи Сенатот на САД. Горниот дом на Конгресот ќе ги разгледа можните опасности од биткоинот по американската економија. Главниот проблем на оваа валута, од гледна точка на националните регулатори, е во тоа што не постои никаква контрола на текот на оваа валута. Сето тоа ја прави електронската валута многу погодно средство за финансирање на широк спектар на нелегални активности.

Така, во САД е затворена една од најголемите онлајн продавници која продавала роба која е официјално забранета. Порталот со текот на времето станал најголем продавач на наркотици преку интернет. Поединци продавале повеќе од 500 видови опојни средства. Основна валута за плаќање бил биткоинот кој на сите учесници во виртуелното купување им обезбедувал анонимност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП